Ријана е голем хуманитарец. Тоа го докажала многупати до сега, а и во овој клучен момент за човештвото, таа е на висина на задачата.
Таа преку својата фондација „Клара Лајонел", донираше 5 милиони долари што ќе бидат искористени во борбата против коронавирусот.
Дел од парите ќе бидат искористени во истражувањето на вирусот, дел за набавка на неопходна медицинска опрема и апарати, а дел ќе бидат донирани на банките за храна на Хаити и Малдиви, земји со висока стапка на сиромаштија.
Покрај Ријана, голем број познати имиња од шоу бизнисот и спортот, меѓу кои и: Лејди Гага, Џастин Бибер, Блејк Лајвли, Сијара, Армани, Донатела Версаче, се вклучија во борбата против пандемијата, со донација на големи суми, имајќи во предвид дека во оваа војна никој не е поштеден и сите сме во истиот круг.