Рикардо Тиши дизајнираше колекција за Најк
•
11 јануари 2014
Оваа пролет во продажните салони на Најк ќе се најде новата колекција која е резултат на соработката на Рикардо Тиши со спортскиот бренд. Колекцијата ќе го носи логото Најк РТ, а ниту дизајнерот ниту одговорните лица од брендот открија детали околу неа.
Тиши не го крие задоволството од остварената соработка истакнувајќи - „За мене тоа е голема чест, особено ако се земе во предвид фактот дека брендот соработува со голем број светски познати спортисти“.