Риплеј со еко – активисти од реалниот живот ја промовира новата кампања

21 јуни 2014

Познатиот италијански бренд Риплеј, своите еколошки принципи овојпат ги носи на едно повисоко ниво! Имено, во нивната нова, одлична рекламна кампања тие пренесуваат супер еко порака со реални активисти најмени како модели за рекламата.

Фармерките, кои се дел од новата колекција на Риплеј, а што се дел и од самата реклама, се направени според иновативната Laserblast технологија со која при изработката на фармерките драстично се намалува користењето на вода, а при нивното производство се користат обоени минерали од природно потекло. Резултатот на сето тоа е единствена и уникатна линија на џинс за сите еколошки освестени љубители на модата и модните парчиња.

За уште повеќе да се зголеми еколошката освестеност кај луѓето преку овој проект, Риплеј како модели за рекламата ангажираше еко активисти од реалниот живот со цел менување на колективната свест и начинот на кој денес живееме.

Кампањата насловена како ECO – Warriors for L.I.F.E презентира и носи борбен дух и страст што се во согласност со самиот став на колекцијата и совршено го доловуваат бунтовничкиот дух на Риплеј.

Норвешката манекенка и актерка Александра Орбек – Нилсен која е дел од рекламата е портпарол на одделот за заштита на околината во Африка, додека другиот протагонист на кампањата Енок Гровен, е основач на норвешката задруга „Fashion Against Climate Change“. Оваа група се концентрира на битните прашања поврзани со заштита на околината со нагласок на модната индустрија. Преку овие двајца познати еко активисти, организаторите на кампањата се концентрираат на нивната борба со органите на редот и мирот, за да ја доловат сета драматичност низ која тие поминуваат во борбата за своите уверувања.

„Еколошките активисти се хероите на модерното време. Наместо да говорат за апстрактни идеи, тие делуваат без оглед на последиците. Нивниот ангажман и преданост за заштита на околината е заеднички со оној на Риплеј. Низ минатите колекции и проекти секогаш сме се фокусирале на иновативноста на подрачјето на дизајнот и производството, а Replay Laserblast L.I.F.E колекцијата е продолжение на нашето неконвенционално размислување“, велат од компанијата.

Објавено:
21 јуни 2014
Категорија: 
Актуел