Новиот сопственик на познатиот бренд Роберто Кавали е италијанската компанија Клесидра. После месеци преговарања, приватниот фонд потпиша договор со кој добива 90 проценти од фирмата на дизајнерот.
На чело на „царството“ Кавали сега ќе биде Франческо Трапани, додека извршен директор ќе биде Ренато Семерари.
На местото креативен директор ќе остане Питер Дандас, кој на оваа позиција беше назначен во март месец годинава.
-Мошне сум задоволен што потпишав договор со овој италијански партнер и сигурен сум дека понатаму на вистински начин ќе го развиваат она што јас го градев за време на мојот животен пат. Клесидра ќе овозможи финансиски, менаџерски и човечки ресурси кои ќе ѝ дозволат на компанијата да расте и понатаму и да се соочи со предизвиците што ги наметнува секогаш развојниот луксузен маркет – изјави Кавали, кој го основаше брендот во 1970-тите.
Задоволство од овој договор изразија и од Клесидра.
-Ние навистина сакавме да постигнеме договор бидејќи силно веруваме во потенцијалот на Роберто Кавали. Тоа е компанија со уникатен стил, одлична позиција на маркетот и глобална свесност. Кавали е бренд со идентитет и ние тоа сакаме да го задржиме и понатаму, а клучниот фактор на кој ќе ја позиционираме компанијата се плановите за интернационално проширување – вели Трапани.
Инаку, долгиот период на преговарање се должеше на несогласувањата околу цената на продажба на акциите, а како шпекулираат странските медиуми, Роберто Кавали успеал да пости мултимилионски договор.