Роденденска кампања на Томи Хилфигер

16 јули 2015

Модната куќа Томи Хилфигер прославува 30 години работење. Дизајнерот е голем покровител на спортот, а со таква естетика се одликува и брендот.

Затоа и не изненадува фактот што роденденската кампања е посветена токму на културата на американскиот фудбал.

Кампањата го носи насловот „Тим Хилфигер", а снимана е на терен за американски фудбал. Зад фотографиите се потпишува британскиот моден фотограф Грег Мекдин.

Тимскиот дух и спортската естетика се во центарот на кампањата, па сите љубители на брендот, а и генерално, на лежерната спортска елеганција ќе се пронајдат во неа.

Погледнете дел од фотографиите:

Објавено:
16 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
162 пати