Минатата недела Адел го прослави 34-от роденден.
Тоа беше и поводот за серијата фотографии кои поп ѕвездата ги направи, облечена во фантастичен, уникатен фустан со потписот на Каролина Ерера.
Раскошен дизајн, волуменозни ракави и мини должина, креација во која според фотографиите Адел ужива. И не само во креацијата, туку и во своите 34 години на број и во сите животни искуства заедно со нив.
Па, фотографиите ги следи и нејзино кратко обраќање во кое вели:
„Каква разлика прави една година. Ако времето продолжи да ги лечи и да ги смирува сите кризи во мојот живот, како што е тоа сега, тогаш со нетрпение чекам да наполнам 60! Никогаш не сум била посреќна од сега. Толку многу лекции, толку многу благослови за кои сум благодарна. Ова се моите 34 и ги сакам! Ви благодарам на сите за љубовта".
Светот ја запозна Адел кога таа имаше само 18 години и уште тогаш се поклони пред нејзиниот раскошен талент. Актуелна е со исклучително успешниот албум „30" за кој ги освои и најзначајните признанија за албум, артист и песна на годината за „Easy on me" на Британските музички награди.
View this post on Instagram