Роденденски голи фотографии на Моника Белучи

13 септември 2016

Познатата актерка Моника Белучи кон крајот на месецот ќе го прослави 52-от роденден. По тој повод одлучи да направи провокативна фото-сесија за магазинот „Paris Match“, со кој во повеќе наврати соработувала.

На две фотографии од септемвриското издание, Белучи е сосема гола, со што уште еднаш покажа дека годините ништо не ѝ можат.

Оваа фото-сесија дојде во вистински момент, имајќи предвид дека пред неколку дена на фестивалот во Венеција, се одржа премиерата на филмот „On the Milky Road“, каде Моника ја има главната улога.

Уште пред да биде прикажан, сите зборуваа за актрактивните сцени што актерката ги имала, што до некаде е и нејзина препознатливост.

Како вели таа, филмот е балканска љубовна приказна, а љубовта не познава ниту граници, ниту години.

-Секогаш љубовта ја поврзуваме со младоста. Како после одредени години, нема повеќе физичка љубов. Но, еве наскоро ќе имам 52 години и можам да ви кажам дека тоа не е точно – изјавува актерката за магазинот.

Таа вели дека им се радува на годините, особено имајќи предвид дека во младоста се чувствувала изгубено, збунето, а сега точно знае што сака и тоа важи за секое поле од животот.

Инаку, освен во францускиот магазин, Моника се појавува и во италијанското издание на „Вог“ за мажи, за актуелниот месец.

 

Темата на едиторијалот е поврзана со последното остварување од кое е дел, па после извесна пауза, Белучи сосема го насочи медиумското внимание кон себе, поврзувајќи го професионалното и приватното.

После овој филм на Кустурица, сите ги интересира како Моника ќе се снајде и во новите продолженија на „Твин Пикс“, што е жанровски поразлично од она што досега го работела. Странските медиуми уште во април годинава пренесоа дека и италијанската актерка ќе биде дел од екипата, заедно со Џим Белуши, Дејвид Духовни, Аманда Сејфрид, Дејвид Патрик Кели, Наоми Вотс и многу други.

Објавено:
13 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
5.407 пати