Роксанда Илинчиќ финансиски ја потпомага родната Србија
•
10 јуни 2014
Позната дизајнерка која работи во Лондон, а по потекло е од Србија, Роксанда Илинчиќ, неодамна присуствуваше во Менхетен каде преку презентацијата на последната ресорт колекција се потруди за собере финансии за своите сонародници од Србија кои настрадаа во поплавите.
Принцот Александар и принцезата Кетрин од Србија беа домаќини на настанот кој се одржа во Фондацијата Liederkranz, се со цел да се соберат што повеќе пари за настанатите и за санирање на последици од страшното невреме. Манекенките од ревијата на Илинчиќ носеа чанти од Ферчајлд Болдвин, а гостите уживаа во вокалот на мецосопранот Јадранка Јовановиќ.