Роланд Мурет во нова соработка со Banana Republic

15 април 2014

Феранцускиот дизајнер Роланд Мурет ќе дизајнира колекција сочинета од 25 парчиња, за Banana Republic. Во истата ќе преовладуваат црни фустани, кратки топови и здолништа. Тој вели дека новата колекција ќе биде прилагодена според вкусовите на клиентите на брендот.

-Материјалите со кои тие работат ја поттикнаа мојата инспирација. Секако дека креациите ќе го имаат мојот дизајнерски сензибилитет, но прилагоден според стандардитена Bababa Republic, изјавува дизајнерот.

Мелони Биркет, претседателката  на брендот за WWD вели:„Роланд е популарен по уникатните дизајни на фустани, а од тоа знаеме и дека ќе направиме успешен бизнис, завршува Биркет.

Инаку, оваа недела се случи уште една специјална соработка на големо дизајнерско име, односно онаа на Александар Ванг со H&M.

Објавено:
15 април 2014
Категорија: 
Актуел