Роналдо е новиот амбасадор на TAG Heuer часовниците

17 мај 2014

Ronaldo_3_blog

Камерон Дијаз, Леонардо Дикаприо, Марија Шарапова, Џејсон Батон, Бред Пит, Ума Турман, Тајгер Вудс, Кими Раиконен, Себастијан Фетел, Луис Хамилтон, а сега и Кристијано Роналдо се приклучи кон семејството на амбасадори на познатиот швајцарски бренд за чсовници TAG Heuer.

-TAG Heuer е најдобар во својата работа и така е веќе 150 години. Ниту еден луксузен бренд нема вака силни врски со врвните спортови. Гламурозен, а истовремено и посебен и неконвенционален бренд. Можам да кажам дека TAG Heuer и јас делиме исти животни принципи - сосема да ја смениме постоечката игра, да ги срушиме сите граници и да наметнеме нови - свои правила. Голема чест е да се биде дел од така силно и „пионерско“ наследство - изјави фудбалерот.

Од брендот пак велат дека Роналдо е одличен претставник на TAG Heuer философијата.

Ronaldo_2_small

-Како и нашата компанија, така и Кристијано ја бара пефекцијата и се труди да ги надмине границите не само сопствени туку и на било кој од својата област. Ова е прв пат да влегуваме во светот на фудбалот и сметаме дека создавањето на нов тренд со Кристиано е одличен начин на поврзување со фановите и негови и наши - изјави директорот Стефан Линдер.

Тој додава дека спортовите се нивна традиција и дека ги делат истите вредности - самодисциплина, мотивација, рушење на граници и истрајност. Овој бренд е поврзан со спортовите уште од 1920 година, кога стана службен мерач на времето на Олимписките игри. Од 1928 година го мерат времето на ски-трките, а од 1970-тата на Формула 1 и едрење.

Објавено:
17 мај 2014
Категорија: 
Актуел