Русинката Алина Јакупова е прогласена за најубаво дете на светот

16 октомври 2019

Кога се појави, малата Тилон Блундо, која денеска има 18 години, беше вистинска модна атракција. Таа беше прогласена за најубавото дете во светот, а од нејзината специфична убавина беше маѓепсан и Том Форд.

Тој како гостин-уредник во „Вог“ во 2011 година направи едиторијал со тогаш 10-годишната Тилон, која имаше сериозна фризура, шминка и пози кои многумина ги сметаа за несоодветни.

Ова девојче предизвика контроверзи, а години подоцна продолжи да се занимава со моделство, а модните инсајдери ѝ предвидуаат светла иднина.

Иако полнолетна, долго време сите ја паметеа како „Најубавото девојче на светот“. Сепак, сега некој друг ја презема таа „титула“.

Се работи за Алина Јакупива. Родена е во Москва, има шест години и официјален Инстаграм профил кој го води нејзината мајка.

Првите модни ангажмани ги има на четири години, а подоцна ќе ги краси и страниците на познатите модни магазини меѓу кои „Ин Стајл“ и „Грација“.

Има долга руса коса и прекрасни сини очи, кои буквално ќе ве хипнотизираат.

За сега ја следат преку 26.000 луѓе. Некои велат дека по убавината потсетува на Тилон, но без разлика дали ви личат или не, како и за нејзината претходничка, така и за Алина се смета дека ќе има успешна модна кариера.

 

 

 фото: Instagram.com

Објавено:
16 октомври 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.996 пати