„Саем за деца“ во Скопје Сити Мол

20 ноември 2014

Моден викенд Скопје ќе ги забавува најмалите со детска модна ревија во недела на 23-ти  ноемри во 13 и 30 часот, во рамките на „Саемот за деца“ кој ќе започне денеска и ќе се одржува во наредните четири дена во Скопје Сити Мол.

На детската ревија која ќе се одвива пред игротеката „Имагинариум“ на вториот кат во трговскиот, ќе бидат прикажани детска облека,обувки, играчки, книги и бебешка опрема од 15 различни брендови за есен -зима 2014/2015 година: Chicco, Tea colours, Bebe confort,Tritex, Крш, Kegi shoes, Carter‘s, Terranova kids, Икона , Sportvision Kids, Kimico, SAM 0-13, Baby Blue, Original Marines, Minerva со Просветно дело и Lc Waikiki . Споменатите брендови ќе понудат попусти и до 50%, додека на истиот кат ќе се одвива и забавна програма преку едукативни игри, конкурси, натпревари, претстави и танц.

За прв пат во рамки на саемот, а како дел од своето општествено – одговорно работење за развој на заедницата,Скопје Сити Мол подготвува „Бејби Ден“ кој ќе биде посветен исклучиво на бебињата и ќе биде организиран ден претходно на 22-ри  во 13 часот на вториот кат, а ги повикува младите родители на парада на уникатно декорирани бебешки колички и бејби олимпијада  со трка во лазење и трка со дубачиња.

Највеселото изненадување на саемот со сигурност ќе биде фото конкурсот за избор на лице за календарот на Скопје Сити Мол под наслов „Биди ѕвезда“ во 2015 година.

Имено во рамки на четирите саемски денови,  фотографката Маја Аргакијева ќе спроведе фото сесија од оние дечиња на возраст од 0 месеци до 10 години чии родители ќе приложат фискална сметка со износ повисок од 500 денари. По саемот ќе се селектиираат 24 лица, за кои потоа ќе се гласа преку Фејсбук апликација за најслатките дванаесет. Од тие лица,  Скопје Сити Мол ќе продуцира еден несекојдневен џиновски календар.

Објавено:
20 ноември 2014
Категорија: 
Актуел