Интервју на годината: Сакав да се за самоубијам - Меган и Хари за неподносливиот живот во кралското семејство

8 март 2021

По многу најави и исчекувања, американската телевизиска мрежа CBS вчера во 2 часот по полноќ го прикажа интервјуто на Опра Винфри со војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл.

Во нејзин отворен и препознатлив стил, Опра разговараше со Меган и Хари за нивниот живот во кралското семејство, за односите со членовите и за одлуката да си заминат од кралските должности.

 

На самиот почеток, Меган објасни дека токму кралската институција ги пуштала во јавноста сите оние зли натписи и озборувања за неа и дека воопшто не била заштитена како што и' било кажано дека ќе биде.

Меѓу највпечатливите моменти кои ја разбрануваа јавноста, беше и изјавата на Меган дека животот во палатата бил толку изолиран и осаменички, а медиумското внимание премногу негативно, што во даден момент посакала да не живее повеќе.

Таа потврди и дека била прифатена и добредојдена од страна на Кралицата и останатите членови на семејството, но во моментот кога побарала психолошка помош за состојбата во која се наоѓала, не и' било дозволоено да разговара со стручно лице, бидејќи тоа лошо ќе се одразело на имиџот на монархијата.

Уште еден несреќен момент за кој двојката разговараше со Опра беше и фактот дека во Бакингемската палата биле загрижени околу тоа со колку темна боја на кожа ќе се роди малиот Арчи, имајќи предвид дека и Меган е од мешан брак и дека за него не следува титула, како што вообичаено е по протокол.

Меган ги одрекна и гласините дека ја расплакала Кетрин, војвотката од Кембриџ, па објасни дека ситуацијата била обратна, но Кејт се извинила и си ја признала грешката.  

Принцот Хари зборуваше за неговиот однос со својот татко, принцот Чарлс и како тој престанал да одговара на неговите повици, кога двојката се подготвувала да замине од кралсккот живот. 

Хари изјави дека сиот живот се чувствувал заробен во кралскиот систем, а дека храброста да се ослободи ја добил кога ја запознал Меган, на што таа додаде дека со ваквата негова одлука за повлекување, ја спасил и неа и целото нивно семејство. 

Хари и Меган одлучија да објават и среќен сегмент од својот живот, а тоа е дека Арчи ќе добие сестричка. Меган треба да се породи ова лето.

Објавено:
8 март 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.551 пати