„Сакав да умрам дома“: Селма Хаек одбила да биде хоспитализирана додека била болна од Ковид 19

20 мај 2021

Во најновото интервју кое Селма Хаек го даде за магазинот Варајети, актерката зборува борбата со коронавирусот и открива дека нејзиното искуство со инфекцијата било скоро па фатално.

54 годишната актерка во еден момент од своето боледување морала да добие и кислородна поддршка, а минала и околу 7 недели во изолација во една соба во својот дом. Сепак, иако нејзиниот доктор инсистирал да биде хоспитализирана, Хаек открива дека, во случај да починe, сакала да биде дома. 

Актерката живее во Лондон со својот сопруг Франсоа Хенри Пино, директор на групацијата Керинг и 13-годишната ќерка Валентина, а на Инстаграм неодамна се пошегува објавувајќи видео компилација од земањето брисеви за тестирање.

Во интервјуто таа објаснува дека иако вирусот е далеку зад неа, сè уште понекогаш чувствува изнемоштеност и замор, а особено била изнемоштена по првите кадри од снимањето на филмот House of Gucci.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Variety (@variety)

Објавено:
20 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
572 пати