Сан Ремо-спој на музички ноти и беспрекорни креации

22 февруари 2014

Италија не само историски гледано, туку и денес покажува зошто важи за земја која што секој еден човек би сакал да му се најде на мапата држави кои треба да ги посети. Покрај актуелното диктирање на модните трендови на Миланската модна недела, архитектонското и културно наследство, секогаш шармантните џентлемени, убавите дами и вкусните специјалитети, таа е позната и по музичкиот фестивал што секоја година се одржува во градчето Сан Ремо, во западниот дел на Италија во месноста Лигурија. Оваа година се одржа 64-тото издание на овој најпрестижен фестивал каде најпознатите италијански ѕвезди имаат можност да се натпреваруваат во неколку полуфинални вечери и да ги покажат своите вокални способности.

Франческо Ренга во роберто Кавали, а Кеко во Деи мода Франческо Ренга во роберто Кавали, а Кеко во Деи мода

Италија е земја која што на најкреативен можен начин секојдневно пишува нови модни поглавја. Во нејзината срж и душа се наоѓа зародишот на она што значи да се биде модна икона и како треба да се негува модната култура генерално. На музичката манифестација Сан Ремо 2014 можевме да видиме дефиле на креации кои што главно носеа потписи на дел од најреномираните италијански модни куќи како Армани, Кавали, Гучи, Долче и Габана, но и од Џил Сандер, Живанши, Виктор и Ролф се најдоа на листата најпосакувани.

Фјорела Маноја во Антонио Грималди Фјорела Маноја во Антонио Грималди

Спојот на музички ноти со беспрекорни дизајни е секогаш добитна комбинација со која можете да се разгалите. И бидејќи понекогаш се навраќаме и на онаа старата „Облеката не го прави човекот“, погледнете кои модни изгледи се вброија во највпечатливите за оваа сезона:

 

Објавено:
22 февруари 2014
Категорија: 
Актуел