Се бара парче повеќе: „Гучи“ ги распродаде скинатите хулахопки од 10.000 денари

31 октомври 2020

Можеби мислевте дека е срамота да носите скинати хулахопки, но од модната куќа „Гучи“ не мислат така. Напротив, овој модел стана вирален, што се бара парче повеќе.

За многумина е несфатиливо како овие хулахопки се воопшто распродадени, а особено имајќи предвид и дека цената им изнесува 190 долари односно 10.000 денари.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Diet Prada (@diet_prada) onOct 28, 2020 at 12:10pm PDT

 

Но, додека ние се чудиме, „Гучи“ продолжува со реализирањето на своите кампањи и предизвикување внимание.

Кон крајот на август беа апсолутен хит на „Тик-ток“ мрежата после објавениот предизвик дека „секој може да биде Гучи модел“, а популарноста се задржа и продолжи со споменатите хулахопки.

На социјалните мрежи се појавија многу шеги на сметка на овој модел, па голем дел од жените се изјаснија дека скинатите хулахопки нема да ги носат, но нема ни да ги фрлат, туку ќе се обидат да ги продадат, и тоа многу поевтино.

Па, во што би и била разликата?

Објавено:
31 октомври 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
336 пати
Тагови: 
Гучи хулахопки