Се одржа Ралф Лорен моторџиска тура

26 мај 2014

14_thumb[1]

Околу 200 винтиџ мотори пред продавницата на Ралф Лорен во Париз, сместена на булеварот Сен Жермен на четвртиот кат, го привлекоа вниманието на минувачите. Настанот наречен „RRL Riders Tour“ се состоеше од 99 километарска тура и изложба на стари мотори, од кои најновиот датира од 1998 година.

Во кофи полни со мраз беа ставени пива, за освежување и енергија на моторџиите, а освен со пијалокот и храната од ресторанот на Лорен, настанот беше комплетиран со настапот на катри музичарката Фиона Кулеј.

Сместен во Франција, во реставрирана куќа од 17тиот век, брендот Double RL стана популарен по јапонскиот џинс и винтиџ гардеробата, а се смета дека тој им е еден од омилените брендови на пејачката Ванеса Паради и глумците Жан Дужардан и Џони Деп. Double RL, познат и како Ralph Lauren RRL, доби помош и од специјализираната работилница за мотори Blitz Motorcycles за организирањето на настанот, кој вклучуваше и сервис на мотори и изложба на стари моторџиски предмети.
Објавено:
26 мај 2014
Категорија: 
Актуел