Vogue World за прв пат се одржа минатата година по модната недела во Њујорк по повод 130-от роденден на магазинот.
Оваа година модниот настан се пресели во Лондон означувајќи го почетокот на модната недела во британската престолнина.
Организацијата беше под будното око на Ана Винтур, а инспирацијата за шоуто беа лондонските театарски премиери и богатиот свет на театарот по којшто овој град е и познат.
Vogue World ги спојува модата и театарот, па во таа чест и годинава се собраа многу познати личности како Кејт Мос, Ени Ленокс, Сиена Милер, Кејт Винслет, Емилија Кларк и други.
Милер го украде шоуто со голиот труднички стомак, во смела креација на Скијапарели.
Четирите супермодели за коишто се очекува и документарен филм, Наоми, Синди, Кристи и Линда, приредија феноменална завршница во нивни стил.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram