Се омажи Кара Делевињ

5 август 2019

Британскиот модел, 26-годишната Кара Делевињ и нејзината партнерка, актерката Ешли Бенсон  (29), ѕвезда на серијата „Убави мали лажги“  викендов склучија брак.

И ако очекувавте гламурозна венчавка, луксузни креации и слично, веројатно ќе се изненадите дека за венчавката одвоија само околу 300  долари. 

Познатите дами одлучиле да се венчаат во Лас Вегас, позирајќи во розов Кадилак, покрај имитатор на Елвис Присли. И двете носеле црни креации, а Ешли во рацете имала и бидермаер.

Иако многумина помислија дека се работи за лажна венчавка или некое снимање, сепак присуството на гостите меѓу кои и Шарлиз Терон и Џо Џонас со сопругата Софи Тарнер.

„Тие беа сигурни во тоа што го прават и беа сигурни дека си значат една на друга, дека ова не е шега, Беа сериозни во одлуката, но навистина се забавуваа. Сакаа чинот да биде едноставен, тивок и лесен“, изјави Мајкл Кели, сопственикот на капелата каде беше склучен бракот.

За потсетување, двојката ја криеше својата романса до јуни годинава, а се потрудија максимално да го сочуваат и овој момент интимен. 

 

 

Објавено:
5 август 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
6.254 пати