Се подготвува почетокот на најголемиот саем за текстил во Париз

18 декември 2013

Од 17-ти до 20-ти февруари 2014 година ќе се одржи 6-от по ред саем за текстил во Париз.  Повеќе од 110 изложувачи- компании ќе земат учество претставувајќи како облека така и материјали за изработка на истата. Во споредба со набрзо минатата 2013-та година, следната ќе има повеќе земји изложувачи како: Кина, Бангладеш, Индија, Хог Конг, Пакистан, Tурција, Виетнам, како и Јапонија и домаќинот Франција.

saem-za-tekstil-pariz

Од спортска па се до формална облека, материјали  и додатоци ќе бидат понудени  да го задоволат вкусот на побарувачката. Трговците со облека од Европа веќе добро знаат дека овој саем е еден од најбогатите со понуда и секоја година нивниот број како посетители-купувачи се зголемува.

Објавено:
18 декември 2013
Категорија: 
Актуел