Се продава Ланван?!

25 март 2015

Lanvin-logo

Откако шпекулациите за затворањето на Marc by Marc Jacobs се обвистинија и дизајнерот Марк Џејкобс ја потврди информацијата, се појавија нови гласини, но овој пат за еден од најстарите модни брендови, Ланван.

Според најновите „шушкања“, сопственичката Шо Лан Ванг сериозно размислува да ја продаде француската модна куќа. Иако сè уште нема формални преговори, наводно, голем тајвански магнат отворил „неформален“ канал по пат на кој сите заинтересирани ќе можат да ги дадат своите понуди за купување на дел од познатиот бренд, кој лани прослави 125 години постоење.

Шо Лан Ванг и Албер Елбаз Шо Лан Ванг и Албер Елбаз

Ванг, која пак во 2001 година го донесе  во Ланван дизајнерот Албер Елбаз, новите деловни чекори ги опишува како долгорочни вложувања, но тоа не ги запре гласините дека модната куќа има сериозни финансиски проблеми.

Објавено:
25 март 2015
Категорија: 
Актуел