Се продава веб порталот Net-A-Porter?

10 октомври 2013

Еден од најпопуларните модни веб портали и интернет продавница Net-A-Porter, можеби ќе има нови сопственици? Овие гласини денеска ги окупираа модните медиуми кои од актуелниот сопственик, луксузната компанија Richemont не добија никаков коментар во однос на ова прашање.

Италијанските медиуми шпекулираа дека Net-A-Porter е во преговори со интернет компанијата Yoox.com, меѓутоа нејзиниот основач и споственик, Федерико Марчети ги негираше овие нагодувања како неточни.

 

Net-A-Porter беше лансиран како интернет моден магазин и луксузна интернет продавница во 2000 година, а негов основач е Natalie Massenet. Во 2010 година, Гучи ја продаде виртуелната интернет продавница на актуелниот сопственик компанијата Richemont која купи 93% од акциите.

 

Објавено:
10 октомври 2013
Категорија: 
Актуел