Се разделија Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ

6 мај 2021

Најновата песна на хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ го носи името „Ljubav ne odustaje“. Но, по сè изгледа дека Данијела и нејзиното момче од 24 години, музичарот Петар Грашо, кренаа раце од љубовта. 

Пред неполни 24 часа раководителката за односи со јавноста на Грашо ја потврди веста дека двојката веќе подолго време не живее заедно. Мартина Подгорски изјави дека 49-годишната пејачка и 45-годишниот музичар поради работни, но и приватни причини веќе извесно време не се заедно. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gloria.hr (@gloria.hr)

Двојката беше заедно од средината на 90-те, а се запознале за прв пат на Фестивалот „Дора“ во 1995 г. Својата врска и приватност ја чуваа само за себе па ниту еднаш не ги отворија вратите на своите домови во Загреб и Сплит за новинарите и јавноста. 

Многупати одговараа на прашањето зошто не се во брак, а во една прилика, пред година и половина, Грашо изјави: „Малку ни е смешно зошто никој не нè прашува дали се сакаме, дали се почитуваме, дали се тепаме или се милуваме. Најважно е да знаат дали сме венчани. Бидејќи во нашето општество, кога си оженет, тогаш е сè потврдено. Ние во тој апсурд успеавме да ја задржиме интимата, а воопшто не се ни трудиме. Сè низ што минуваат луѓето кои се во брак, минуваат и овие двајца луѓе кои ги носат имињата Петар и Данијела.“

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Petar Grašo (@petar_graso_fp)

Нивните колеги и обожаватели со неверување ја примаат оваа вест, бидејќи досега многупати се пишувало за раскинувањето на оваа музичка двојка. Дали навистина кренале раце од врската, останува да видиме...

Објавено:
6 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.843 пати