Се разведува Роберт де Ниро

21 ноември 2018

Од вчеравечер светските медиуми не престануваат да пишуваат за разводот на Роберт де Ниро. Имено, после 21 година брак, 75-годишниот Де Ниро и неговата 63-годишна сопруга Грејс веќе не се заедно.

Како пренесуваат светските медиуми, двојката повеќе не живее заедно, а официјалното соопштение за јавноста околу разделбата ќе следи во следниот период. 

Роберт и Патриција во заедничкиот живот ги добија и децата Елиот (20) и Хелен (6). Актерот неодамна се појави на настан во Музејот за модерна уметност (МоМа) во Њујорк, но сам.

Инаку, ова не е прва разделба на двојката. Врската ја официјализираа во 1997 година, а после две години Роберт поднесе барање за развод, но тој никогаш не се реализираше до крај. 

Во 2004 година двојката ги обновновија нивните заклетви. 

Актерот низ годините многу ретко зборуваше за својата приватност. Сепак, во една пригода, заедно со Грејс отворено зборуваа за аутизмот на нивниот син Елиот, за кој веруваат дека е последица од вакцинацијата.

Инаку, Де Ниро ги има и синот Рафаел кој го доби во бракот со Дијан Абот кој траше 12 години,  како и ќерката Дрена, која ја посвоија.

Со поранешната партнерка Тоуки Смит ги има близнаците Арон и Џулијан Де Ниро.

Во 2013 година во едно интервју сподели за тоа што мисли за бракот:

„Среќна заедница подразбира дека морате многу да дадете и да земете, да останете приземни, со двете нозе на земја, бидејќи тогаш ќе ја зачувате почитта со која и започнало сè“, вели актерот за следната година да каже и дека „Единствената работа што би рекол е дека ако се одлучите на брак, а притоа  дојде до разделба, многу е полесно без деца. Животот тогаш е многу поедноставен“.

 

 

Објавено:
21 ноември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
419 пати