Сè се вртеше околу Џенифер Лопез на вчерашните CFDA награди

5 јуни 2019

Вчеравечер во Музејот во Бруклин, се одржаа престижните годишни модни награди што ги доделува Советот на модни дизајнери на Америка. Ноќта беше во знакот на Џенифер Лопез која сосема заслужено го добри признанието за Модна икона, поради нејзиното огромно влијание во светот на модната индустрија.

На манифестацијата таа се појави во придружба на нејзиниот вереник Алекс Родригез, стилизирана во ултра впечатлива дводелна комбинација од Ралф Лорен, светкав краток топ и макси, волумензоно здолниште во популарната портокалова боја.

„Чест е да се биде препознаен од уметници и дизајнери што се толку талентирани, за нешто што едноставно сакаш да го работиш – Ви благодарам! Пораснав во Бронкс, па секако дека вечерва носам дизајн на Ралф Лорен кој исто така потекнува од Бронкс! Знам дека тој ја разбира девојката што сака да носи краток топ, високо кренато опавче, светки и малце драма... Растењето таму во 80-те го имаше првото модно влијание врз мојот стил. Немав многу облека, па често знаев да ги скратам џинсот и блузоните, правејќи краток топ или мини здолниште, трудејќи се да изгледам како моите идоли Мадона и Синди Лопер. Исто така големо влијание врз мене имаа и луѓето од моето соседство и „експлозијата" на хип-хоп субкултурата. Широки панталони, Адидас, Тимберленд џизми и многу накит... Некои работи никогаш не се менуваат...", кажа Џенифер во својот говор.

Денеска, Џеј Ло е главна тема низ сите светски модни медиуми, кои го искористија поводот да направат ретроспектива на нејзиното модно созревање од „Jenny from the block" до блескавата модна икона која важи за една од најмоќните жени не само во модниот свет туку и во шоу бизнисот генерално.

Меѓу другото, кој може да го заборави култниот зелен фустан на Версаче што Џени го носеше на 42-те Греми награди и го воздигна до статусот култен. Прашање е дали овој фустан на Версаче, што сега важи за исконски, ќе привлечеше толку внимание ако не го носеше Џенифер Лопез.

Фото: Getty images

 

Објавено:
5 јуни 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
586 пати