Се случи премиерата на „Frozen 2“ - наскоро и во Скопје

8 ноември 2019

Во Лос Анџелес вчера се случи светската премиера на Frozen 2, на која присустуваа актерите чии гласови ги слушаме, но и дел од обожавателите на цртанот.

Премиерата не можеше да помине ниту без маскоти на дел од омилените ликови. 

Кристен Бел на црвениот килим блесна во бакарна креација на „Диор“, која совршено ѝ прилега. Нејзината колешка Идина Мензел пак се одлучи за ледено бел фустан кој ја следи линијата на телото, целиот прекриен со пулејки. 

Селена Гомез и малата Грејси Тифеј го привлекоа вниманието во пердувестата креација на „Марк Џејкобс“од колекцијата есен/зима 2019.

Еван Рејчл беше вистинска ледена кралица во креација на Оскар де ла Рента.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата, како и најавното видео за второто продолжение кое во нашите кина ќе се емитува од 21 ноември.

 

 

 

 

Објавено:
8 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
267 пати