Се снима филм и серија во чест на Карл Лагерфелд

15 март 2023

Покрај филм, германскиот дизајнер, Карл Лагерфелд, ќе добие и мини серија во негова чест. Приказната за човекот кој направи многу за модата, за Chanel, Fendi како и за останатите сегменти од брендот ќе биде прикажана на Disney+ во шест епизоди.

Како продуцент на филмот пак, се јавува актерот и пејач Џаред Лето, кој е долгогодишен обожавател на брендот, а беше и пријател на покојниот дизајнер.

Иако првично Џаред требаше да го глуми Лагерфелд, сепак улогата на крај беше доделена на актерот Даниел Брул, кој е со шпанско-германско потекло.

Брул и е познат на публиката по улогата во Inglourious Basterds(2003), каде портретираше нацистички војник, народен херој во Германија.

Даниел за својата улога како Ф1 легендата Ники Лауда, во филмот Rush, беше номиниран за BAFTA, Златен Глобус и SAG Critics' Choice награди.

Серијата која ќе биде насловена Kaiser Karl ќе го прикаже животот на дизајнерот во 70-те години во Париз.

Во 1972 година, 38 годишниот Легерфелд ја имаше амбицијата да стане познат француски дизајнер, во време кога Ив Сен Лоран беше на врвот.

Серијата ќе го прикаже тогашниот живот на Карл преку големото дизајнерско ривалство, лудите забави, трагичната љубов како и неговата жестока борба за признание во модниот свет.

Снимањето е веќе во тек на неколку локации, Франција, Монако и Италија.

Студиото на гледачите им вети дека шоуто ќе биде досега нешто невидено и ќе вклучи повеќе од 2.200 статисти, над 3.000 костими, совршено рекреирани станови, ателјеа, модни ревии и друго.

Фото: Pinterest

Објавено:
15 март 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
582 пати
Тагови: 
Карл Лагерфелд