Седумнаесетте моќни жени на Луј Витон

15 јануари 2019

Во модната индустрија периодов се актуелни пред-есенските кампањи и колекции, а и брендот „Луј Витон“ неодамна ја претстави својата.

Никола Гескјер одлучи манекенките да ги замени со своите музи, па во фокусот на новата кампања се седумнаесет познати дами, меѓу кои и Мишел Вилијам, Тандие Њутон, Рут Нега, Алисија Викандер, Џенифер Конели, Леа Сејду.

Целта за таквата одлука е што дизајнерот сакал да ја направи врската со овие жени што му служат како инспирација уште поблиска.

„Овие жени се со различни личности што ја отелотворуваат модата на Луј Витон. Секоја од нив зрачи со моќ, има самодоверба во своите избори, а во исто време го рефлектираат еклектизмот на женскиот идентитет“, се вели во соопштението за јавност.

Кога е колекцијата во прашање, таа комбинација на кантри и градски сензибилитет - корсетски ремени со чизми со необична потпетица, модерни чанти со фустани со ретро принт и околувратник, кошули од пуплин со елек од тартан и леопард принт...

Во продолжение погледнете ја целата кампања:

Објавено:
15 јануари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
433 пати