Секој може да присуствува на шоуто на Викторија Сикрет, но „само“ за 10 илјади фунти

21 август 2014

На 2-ри декември за прв пат во Лондон ќе се одржи шоу на Викторија Сикрет. Спектаклот на ангелите е настан кој во светот важи за еден од најгламурозните во модната индустрија. Она што засега е познато е дека секој може да си купи билет и да седи заедно со славните, но само доколку може да си дозволи да плати за билет 10 илјади фунти. Оние пак што сакаат да присуствуваат и на „афтер“ забавата и да се дружат со топ-моделите ќе треба да доплатат уште две илјади фунти, а во цената е вклучен и престој во луксузен хотел.

 

Добро познато е дека на шоуто присуствуваат голем број јавни личности пред се од посилниот пол, од кои дел имаат девојки или жени што чекорат меѓу ангелите. Досега од првите редови сме ги виделе Бијонсе, Орландо Блум, Адам Левин, Лени Кравитз, Ева Лонгорија и други. Секако, за сите останати останува шоуто да се погледне на телевизија.

Објавено:
21 август 2014
Категорија: 
Актуел