Селена Гомез ќе креиера за „Coach“ за 10 милиони долари

13 декември 2016

Светските модни медиуми денеска ја објавија веста дека пејачката Селена Гомез потпиша договор со брендот „Coach“, вреден дури 10 милиони долари.

За тие пари, таа ќе дизајнира нејзина линија, а ќе биде и заштитно лице на луксузниот бренд за модни додатоци, што значи дека ќе биде присутна и во сите нивни кампањи во следниот период.

Инаку, минатата недела, брендот прослави 74 години постоење, а по тој повод беше организирана и специјална модна ревија, проследена потоа и со забава.

Селена, која беше прогласена и за најпопуларна позната личност на Истаграм, очигледно има одличен тим со неа, кој нејзиното име го претвора во бренд на сите полиња.

Кога да ја очекуваме колекцијата, за сега не е познато

Објавено:
13 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
224 пати