Сем Смит и Баленсијага ги здружија силите

16 јули 2015

Популарниот пејач Сем Смит ќе работи на новата машка колекција за Баленсијага.

Како ќе изгледа колекцијата, сè уште не е познато, но на Инстаграм се појавија првите фотографии од кампањата за овој бренд.

„Дами и господа. Дојде времето за мојата прва соработка со модна куќа. Дали сте подготвени", ги праша Смит своите следбеници на социјалната мрежа.

„Чест ми е и задоволство да ја објавам мојата соработка со Баленсијага за следната, есен-зима колекција за мажи. Целосната кампања ќе имате можност да ја видите наскоро. Многу сум среќен", искрен е пејачот.

Сем Смит за Баленсијага, есен-зима 2015

Иако ова му е прва соработка со модна куќа, не му е прво модно искуство. Имено, во април Сем Смит беше дел од рубриката на Vogue – Денеска носам (Today I'm Wearing star), каде ѕвездите го споделуваат својот стил месец дена. Така, за тој месец изборот падна на популарниот пејач, кој секој ден ги презентираше своите комбинации пред јавноста. Возбуден за искуството, тој тогаш напиша: „Се чувствувам како Кери Бредшо!!".

Во исчекување на целосната кампања, во продолжение погледнетe го и најавното видео:

Објавено:
16 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
324 пати