„Сен Лоран“ има нова рокенрол кампања

29 март 2016

Модната куќа „Сен Лоран“ пред месец дена во Лос Анџелес ја претстави најновата колекција за есен-зима 2016 година, а неодамна ја лансираше и кампањата за истата.

Хеди Слиман повторно се одлучи за црно-бели фотографии, а за главни лица ги одбра Грејс Харцел и Лили Сумнер.

Андрогеноста и 1970-тите се инспирација преточена во многу светкави парчиња. Всушност, Слиман со оваа колекција всушност сака да ја претстави гламурозната страна на рокенролот.

Модната приказна ја надополнува со тенки шалови, сатенски панделки, широки ремени и високи чизми. Секако, колекцијата не би била замислива без кожени јакни.

Како модната куќа ја пренесува инспирацијата, реализацијата и пораката визуелно, погледнете во продолжение:

Објавено:
29 март 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
96 пати