Сестрите Хадид заедно во новата кампања на Фенди

18 јануари 2017

Популарните сестри Џиџи и Бела Хадид заедно се појавуваат во новата кампања на Фенди за сезоната пролет-лето 2017.

Карл Лагерфелд создаде винтиџ приказна инспирирана од рококо стилот, но во современа верзија во која двете сестри потсетуваат на француски кукли.

Манекенките на себе носат романтични фустани со карнери и флорални дезени, кропирани блузи, панталони во пруги и мини романтични здолништа.

Фотографиите оф кампањата погледнете ги во продолжение.

 

 

Објавено:
18 јануари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
522 пати