Сестрите Кардашијан ќе ја продаваат својата носена облека

1 јуни 2021

„Kardashian Kloset“ е проект кој нешто повеќе од година дена, а преку кој семејството Кардашијан ја продава својата користена дизајнерска облека и модни додатоци.

Сега има нов датум за продажба - 24 јуни, каде Ким, Клои и Кортни ќе ги израдуваат сите оние што би сакале да имаат нешто што било во нивна сопственост по евтини цени. 

Досега функционираа онлајн, но Кардашијанките планираат да ја отворат својата прва продавница во Лос Анџелес.

Како пренесуваат дел од светските медиуми, меѓу производите ќе биде вклучена и облеката на децата.

Цените ќе се движат од 10 долари па нагоре, а сестрите, како и сопствениците на комплексот „Resorts World“ се сигурни дека интересот ќе биде огромен.

Ако се земе предвид дека на претходните онлајн акции на семејството беше продадена и  долната облека на мајката Крис Џенер, тогаш несомнено е дека во Лас Вегас ќе биде општо лудило по оваа распродажба.

Инаку, податоците од минатата година велат дека Кардашијанови успевале досега онлајн да продадат употребувана дизајнерска облека девет пати повеќе отколку други атулети. Во октомври минатата година, Крис, Ким, Кортни, Клое, Кајли и Кендал го отворија „Kardashian Kloset“, каде велат, а промовираат одржливата мода и рециклирањето.

Објавено:
1 јуни 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
281 пати