Северина лебди за „Пелистерка“

22 декември 2016

Во хотел „Мериот“ денеска се одржа конференција за медиуми по повод новиот и традиционален „Пелистерка“ календар, чие заштитно лице годинава е Северина.

Во комплетно розова комбинација, пејачката се појави пред присутните, поздравена со аплауз.

-Ви благодарам за аплаузот. За мене тоа значи и почит и одобрување на ова што го сработивме. Морам да признам дека работната атмосфера беше одлична и навистина се забавувавме. Ме тераа да правам разни каскадерски активности, но не ми беше тешко навистина. Сметам дека успеавме да направиме нешто поинаку и дека ќе ви се допадне – се обрати пејачката пред присутните.

За комбинациите на календарот се погрижил нејзиниот тим соработници.

-Луѓето кои работат во продукцијата и маркетинг сакаа да направат календар кој ќе биде поинаков, во комплементарни бои, една страна да биде бела, друга виолетова, потоа жолта... Во тоа успеавме, па според тоа и мојата екипа го осмислуваше изгледот и боите што ќе се употребат. Мислам дека календарот е навистина убав и дека е поинаков. Единствено немаа розова, па затоа јас одлучив да дојдам денеска целосно облечена во оваа боја – изјави Северина за Fashionel.

За тоа зошто ја одбрала оваа комбинација ќе каже:

-Ја сакам розовата. Но, всушност тргнав од чевлите. Ги купив пред шест месеци, но никако не дојдоа на ред да ги облечам. Тоа се едни слатки „Гучи“ обувки. А останатиот дел од комбинацијата е комплетно од H&M. Круната е "Долче и Габана", нив ги сакам многу! – призна 44-годишната дама.

Во пресрет на новогодишните празници и како некој што посебно внимава на модните комбинации, ја прашавме која е според неа идеалната комбинација за новогодишната ноќ.

-Не постои таква. Идеална е онаа во која се чувствувате добро. Тоа може да биде и џинс и некоја маица. Јас, на пример, би одбрала така. Поважно ми е да бидам во добро друштво и добро да си поминам. Но, оваа година нема да ја дочекам така облечена. Ќе пеам во Бар за дочекот на 2017-та. Ќе ми биде првпат да настапам таму, па веројатно ќе одберам и некоја друга комбинација. Секогаш кога одам на некое ново место или настапувам за првпат постои возбуда. На пример, во Скопје се чувствувам веќе како дома – вели Северина.

За крај на разговорот, упати и честитка до македонската публика.

-Им посакувам на сите мир, да го пронајдат и да го сочуваат, бидејќи сметам дека од него потоа доаѓаат сите други благодети – и љубов и среќа и здравје. Спокојот со самите себе и со другите ни е нешто многу потребно!

Среќни празници поска и тимот на „Пелистерка“, кои не го криеја задоволството од оваа соработка.

-Среќни сме што имамве можност да соработуваме со Северина. Сметаме дека нејзината убавина и природност одлично се вклопија во нашата работа. Сакаме да најавиме и дека освен календарот, следи и уште едно изненадување од Северина и нас, за кои ќе бидете известени – најавија од тимот на „Пелистерка“.

Во продолжение погледнете како изгледа календарот:

Објавено:
22 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
8.035 пати