Шанел е еден од првите луксузни брендови што официјално се откажа од употребата на крзно од егзотични животни и кожа од крокодили и гуштери.
Имено, тие досега беа едни од најпознатите производители на луксузни чанти направени токму од крзно и кожа на егзотични животни и истите се продаваа по вртоглави цени од 20.000 долари.
Изјавата дојде директно од претседателот на Шанел, Бруно Павловски, а истата беше поздравена од сите групи за права на животните меѓу кои и ПЕТА од каде посочија дека оваа постапка на брендот треба да биде пример за сите останати.
„Нема ништо тренди во тоа да употребувате кожа од измачени животни за да правите облека или модни додатоци. Ова е вистинското време сите останати компании да го направат овој чекор. Почнете да користите иновативни материјали и престанете да ги мачите животните“, гласеше изјавата на луѓето од ПЕТА.
Тие додаваат дека во последните две години има голем број на дизајнери и брендови кои се откажуваат од користењето крзно и кожа во нивните колекции, а со самото тоа се зајакнува пораката дека крзното повеќе не е во мода.
Извор и фото: Daily Mail