Шанел традиционално со поп ап продавница во Сен Тропе

7 мај 2014

Петта година по ред, луксузниот француски бренд Шанел поставува своја поп ап продавница во Сен Тропе, во рамките на престижниот комплекс  La Mistralée.

Шанел и егозтичниот Сен Тропе имаат богата заедничка историја. Коко Шанел за своите колекции честопати се инспирирала од медитеранскиот дух на градот, а Карл Лагерфелд не ретко го избира токму Сен Тропе за презентација на своите линии за Шанел.

Уникатно декорираниот ентериер на продавницата го одразува духот на предзимската колекција Métiers d'Art Paris-Dallas 2013-2014, која се навраќа назад во американската историја и парчиња од истата можат да се најдат во самата продавница. Покрај тоа, ќе биде изложена и колекцијата за пролет-лето 2014, голем избор на аксесоари и козметика.

Поп ап продавницата ќе ја опфати целата летна сезона и ќе биде отворена до 6-ти октомври.

la_boutique___ph__m__re_chanel____saint_tropez_96459948_north_545x

 

 

Објавено:
7 мај 2014
Категорија: 
Актуел