Шерон Стоун покажа колку е моќна!

22 јануари 2015

sharon-stone-lofficiel-australia-february-2015-01

А тоа ќе можете да го видите во февруарското издание на магазинот L’Officiel Australia. Актерката која привлекува внимание каде и да се појави, ја краси насловната страна на магазинот, а низ содржините е и интервјуто со неа, каде вели дека планира повторно да се врати на врвот.

Во фотосесијата 56-годишната Стоун носи парчиња од Кристијан Сиријано, Ирис ван Херпен и Диор. Во комбинациите што ги носи доминира црната боја, но и нејзиниот сексапил. Таа низ различни стајлинзи покажа дека нејзината моќ не згаснува.

И покрај тоа што честопати зборувала за улогата во „Основен инстинкт“, таа тема се провлекува и во ова интервју, а актерката потенцира:

-Можам да играм провокативен лик, но тоа не ме прави и мене провокативна.

Сепак, и покрај тоа што е во шестата деценија од животот, многумина ја сметаат сè уште за мошне провокативна.

Погледнете:

sharon-stone-lofficiel-australia-february-2015-1

sharon-stone-lofficiel-australia-february-2015-02

sharon-stone-lofficiel-australia-february-2015-03

sharon-stone-lofficiel-australia-february-2015-05

Објавено:
22 јануари 2015
Категорија: 
Актуел