Шеширот на Бонапарта продаден за 1,8 милиони евра

17 ноември 2014

Изминатиот викенд на аукција во Париз за неверојатни 1,8 милиони евра, е продаден шеширот на францускиот император Наполеон Бонапарта, а новиот сопственик е колекционер од Јужна Кореја, известуваат француските медиуми.

Првичната проценка околу износот на шеширот изнесувала од 300 до 400 илјади евра, но неговата вредност од надавањата на крајот е заокружена на милионска цифра. Конкретната дворога шапка е само една од големата колекција на императорот, создадена кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век.

 

Во текот на петнаесетгодишното владеење, Наполеон имал 120 шапки. Инаку, на аукцијата освен шапката на продажба беа поставени десетици помали предмети како медали, украсни копчиња, документи, па дури и шноли што ги користел во косата. Ова не е првата аукција каде на јавна продажба се поставени личните предмети на императорот. На претходната кон крајот на месец септември, беше продаден и венчалниот лист на Бонапарта и Жозефина де Боарне за 437 илјади евра.

 

Објавено:
17 ноември 2014
Категорија: 
Актуел