Шоуто на Ангелите на Викторија се враќа во Њујорк

27 мај 2015

landscape-1432654179-gettyimages-459853378

После спектакуларното шоу во Лондон минатата година, оваа година брендот Victoria's Secret се враќа во Њујорк.

-Њујорк е градот каде се одржа првото Victoria's Secret Fashion Show во 1995 година, а има и посебно место во нашата историја и нашите срца - изјави Шарин Џестер Турнеј, една од челните луѓе во брендот.

Инаку, годинешново шоу се очекува да биде уште попосебно од сите досегашни, бидејќи брендот ќе прослави 20 години постоење. Дали тоа значи дека на пистата ќе би видиме и „старите“ ангели, Миранда Кер, Жизел Бундшен и Тајра Бенкс, од Victoria's Secret се' уште не откриваат.

Деталите околу тоа што ќе се случува и кој ќе биде главната ѕвезда оваа година, допрва ќе дознаеме.

Објавено:
27 мај 2015
Категорија: 
Актуел