Шоуто на Шакира и Џеј Ло на „Супер боул“ е највпечатливиот моден момент во 2020

14 декември 2020

Кога се прави ретроспектива на работите за кои најмногу се зборуваше, покрај Ковид-19, статистиките покажаа дека тоа е настапот на Шакира и Џенифер Лопез на последното финале на „Супер Боул“.

Овој настан пред короната да завладее со светот воедно е и највпечатливиот моден момент за 2020 година. 

Од друга страна пак, Шакира е најпребаруваниот артист, а на листата на “top trenging persos“ е меѓу најпопуларните 10, односно на седмото место, оставајќи ги зад себе Том Харди, Канје Вест и Ванеса Брајант.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)

За ваквата статистика дефинитивно влијание има и споменатото шоу, во кое две жени од 43 и 50 години одржаа лекција за изглед, енергија, политика и моќ.

Кога е модата во прашање, да потсетиме дека Шакира на „Супер Боул“ настапи во креации кои специјално за неа ги дизајнираше Питер Дандас. Едноставна, а сепак толку моќна, Шакира покажа дека и во петтата деценија нејзините колкови совршено се движат, а кондицијата е на фантастично ниво.

Лопез пак, која постојано предизвикува реакции со своето тело, соработуваше со модната куќа „Версаче“. Костимите за неа и 130-те танчери кои ја придружуваа на сцената ѝ донесоа големо внимание и висок рејтинг на модната куќа. Тие гордо ја споделија информацијата дека црниот кожен комбинез бил изработуван 900 часа, додека транспарентниот „огледало" комбинезон 700 часа, а двата биле украсени со рачно шиени преку 75.000 Сваровски кристали.

 Меѓу најпопуларните модни моменти се издвојуваат и годинашните „Греми награди“, поточно модната комбинација на Били Ајлиш, која носеше „Гучи“, но и генерално појавувањата на црвениот килим.

Но, посебно е интересно што на листата на највпечатливи модни моменти се најде и Меланија Трамп. 

Објавено:
14 декември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
199 пати