Штипските брендови смислија креативен пристап до купувачите

1 ноември 2013

Со завршувањето на модните денови во Штип, штипските текстилни компании и брендови не „притиснаа на кочницата“  за промоција и приближување на колекциите поблиску до купувачите и смислија стратегија или практична форма за комуникација  со нив. Имено,  поставија огледала на две локации во градот, на кои се аплицирани модели од последните колекции, а потрошувачите на интерактивен и креативен начин да можат да ги „пробаат“ моделите преку иновативното огледало.

- Со оваа промоција, сакаме да покажеме дека Денови на мода е четиридневен настан, но сепак, духот на модата во Штип е присутен во текот на целата година, гласи во соопштението на креативните штипјани.

Инаку, надоврзано на оваа идеја  која секако е за пофалба ви го прикажуваме видеото преку кое ќе се запознаете со новиот начин на пробување и купување облека, што допрва ќе го освојува светот. Микрософт на технологијата и донесе нов вид на огледало кое функционира слично на видео игра, па така веќе нема потреба да пробувате, туку на компјутерското огледало веднаш на вас да видите како ви прилега конкретното парче. Секако, нема споредба со вистинската проба на облеката, но секако е интересна идеја преку која се скратува време од купувањето, а облеката не е подложна на несакани дамки од купувачите.

#t=141

 

Објавено:
1 ноември 2013
Категорија: 
Актуел