Што да очекуваме од колекцијата на Ердем за H&M?

26 септември 2017

Откако се објави информацијата за новата соработка на H&M со дизајнерот Ердем, медиумите и модните критичари имаа различни претпоставки како би изгледала колекцијата и што би бил нејзиниот основен предзнак.

Конечно, британскиот Elle ја имаше ексклузивата да „ѕирне" во работилницата на Ердем и да ја реши дилемата.

Првите коментари врз основа на прво објавените фотографии од оваа колекција, се дека не е наменета за „милениумците", туку има конкретни таргет групи, мажи и жени.

Се препознава естетиката на Ердем, цветните везови, квалитетни материјали, твид и жакард, детали со крзно и други тренди материјали, а исто така застапени се и елегантни чевли и чанти, патики, фустани, женски одела, костуми како и бројни други секојдневни парчиња облека.

„Притискав до самиот раб кога се во прашање материјалите. Го нарачувавме само најдоброто", изјави дизајнерот за магазинот Business of Fashion.

Колекцијата се состои од женска и машка линија, како и модни додатоци, а ќе биде пуштена во продажба во ноември.

 

Објавено:
26 септември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
368 пати