Што да посетите во Париз за време на модната недела?

25 септември 2013

Доколку се најдете во Париз за време на модната недела, освен неверојатните колекции на модните дизајнери, можете да уживате и во другите убавини што ги нуди овој неверојатен град.

Покрај исклучителните споменици и историски места што може да ги посетите, одвојте време и да уживате во добро зготвено јадење, пијалак со пријателите во гламурозните кафулиња, неверојатно средените продавници и ексклузивни парчиња облека, а не заборавајте и да уживате во прекрасните изложби во многубројните галерии.

Посетете ја привремената продавница на Луис Витон во центарот на Париз

Привремената продавница на Луис Витон

Задолжително влезете во продавницата Монклер во Париз и уживајте во неверојатниот ентериер

Продавницата на Монклер

Дозволете си некое квалитетно парче од креативните Мисерикордиа во Париз

Продавницата на Мисерикордиа

Купете си некое ексклузивно парче од бутикот Anne Fontaine

Ексклузивни парчињаоблека во Anne Fontaine

Напијте се пијалак со пријателите во Lazare

Пијалак во Lazare

Уживајте во совршениот поглед од Le Perchoir ресторанот

Ресторанот Le Perchoir

Направете пауза со добро вино во ресторанот Encore во Париз

Добро вино во Encore

Уживајте во специјалните француски специјалитети во Relais Boccador

Ресторанот на традиционални француски јадења Relais Boccador

Фотографирајте се на фасадата на The Plaza Athenee

Фасадата на The Plaza Athenee

Посетете ја изложбата на Жак Луис Давид и Пјер Жил во Музејот d'Orsay

Изложба во d'Orsay

Почестете се со некој луксузен органски производ за вашата кожа во Huygens boutique

The Huygens boutique

Објавено:
25 септември 2013
Категорија: 
Актуел