Што ќе понуди Миланската винтиџ модна недела?

3 април 2014

Италијанската престолнина на модата, Милано на сите модни фанови секоја година традиционално покрај модната недела која што оваа година помина спектакуларно, од деветти до 13-ти април организира и модна винтиџ недела под мотото „Il modernо invecchia, il vecchio ritorna di moda“ (Модерното старее, старото се враќа во мода). Настанот е организиран во соработка со најпознатата винтиџ продавница A.N.G.E.L.O, која на посетителите им нуди единствена можност да дознаат нешто повеќе за историјата на костимот, низ богата ретроспектива на  трансформации и дизајни во последните шеесет години. Ова е исто така единствена прилика модните фанови да можат да си купат уникатно винтиџ парче и да  ја збогатат својата колекција.

Покрај презентациите на A.N.G.E.L.O, во рамките на неделата ќе може да се проследи и приказ на неколку други изложувачи кои нудат исклучителни модели облека модни додатоци, накит, предмети изработени од текстил и парчиња мебел. Во склоп со манифестацијата ќе бидат прикажани и две изложби на уметнички дела, а како највозбудлив дел од програмата е најавено ексклузивното искуство што ќе го понудат дел од најдобрите фризери, правејќи им на лице место фризури во ретро стил на оние девојки и жени кои што ќе имаат храброст да бидат нивни модели.

Објавено:
3 април 2014
Категорија: 
Актуел