Вивиен Вествуд, легендата која што вистински го живееше панкот почина вчера на 81 година.

Зад себе остави многу, но најмногу ќе биде запаметена по тоа што и даде екстензија на панк идеологијата - ја претвори оваа субкултура во модно движење.
Во нејзина чест и сеќавање еве неколку работи што можеби (не) сте ги знаеле:
- Не еднаш, туку два пати Вествуд "заборави" да облече долна облека кога го сретна кралското британско семејство. "Не носам со фустани. Може кога носам пантолони да ги позајмам свилените боксерки од сопругот" .
- Пред да стане моден дизајнер, Вивиен работела како наставничка во основно училиште и дизајнирала накит во слободно време.
- И двата сина на Вествуд имаат свој соптвен бизнис. Помладиот Кори Џозеф е основач на добро познатиот бренд за долна облека Agent Provocateur. Постариот е еротски фотограф.
- Пресврт во нејзината кариера се случува во 1985 година, со создавањето на волуменозното здолниште кринолината, во памучна и твид варијанта.
- Во 1989 година Вивиен се облече кака Маргарет Тачер за насловната на списанието Tatler, облечена во црно одело и бисери.
- Таа не ја следеше поп културата, ниту пак беше фан на мејнстрим филмовите, па немаше воопшто идеја која е Ема Ватсон кога актерката ѝ ја додели наградата за стилска икона во 2011.
- Фамозниот венчален фустан на Кери Бредшо од филмот Сексот и градот беше креација токму на Вествуд. Иако Кери не успеа да се омажи во креацијата, фустанот остана во сеќавањата на сите.

Фото: Pinterest