Што подготвува Зара после попустите?

15 јули 2014

7

Иако не постои жена која не ужива во попустите, сепак оние вистинските вљубеници на модата со нетпрпение очекуваат да ги видат следните колекции од омилените брендови. Зара е еден од брендовите што се подготвува за презентација на трендовите за есен во продавниците ширум светот.

Според нивната понуда, во претстојната сезона бидете тренди во црн комбинезон или панталони на преклоп. Ако сте носталгични по летото и сакате уште малку да уживате во него, па макар и преку облеката, тогаш одберете си парче во сафари, тропски или флорален принт.

Есенва нема да се збогуваме ниту од романтичните макси фустани, како и елегантни панталони кои може да ги комбинрате со транспарентни кардигани.

Во продолжение погледнете дел од најновата колекција на Зара:

1

2

3

4

5

6

8

9

10

11

12

13

Објавено:
15 јули 2014
Категорија: 
Актуел