Што се носи деновиве на улиците на Стокхолм?

5 септември 2022

Модната недела во Стокхолм која заврши неодамна, зад себе остави инспиративни примери кои несомнено се предвесник на она што ќе не очекува во модната сфера оваа есен. Скандинавските модни недели се познати по импресивниот уличниот стил, па и не изненадува што овојпат скандинавските земји уште еднаш потврдија зошто се сметаат за модна мека и непресушен извор на инспирација.

Фото: fashion.hr

Преку оваа шармантна колекција на улични фотографии, забележуваме низа одлични нови колекции на познати шведски брендови, меѓу кои ATP Atelier, Stand Studio, House of Peroni, Placebo, Indiska и ред други. Па така, гледаме дека на стокхолмските улици домиираат шарени и разиграни дизајни, како и предимензионирани кроеви, лежерност, флуидност и минимализам.

Фото: fashion.hr

Модна ревија имаа и студенти од Шведското училиште за текстил, а беше доделена и наградата „Поттикнување за акција" од организацијата „Моден округ Стокхолм". Оваа награда се доделува од 2018 година на брендови кои се особено фокусирани на одржливиот развој во модната индустрија. Годинава имаше 17 финалисти во четири категории. Наградите заминаа во рацете на Siptex во категоријата Closing the Loop за иновации во системот за кружни ткаенини, Houdini Sportswear во категоријата Fashion Retail Talks Sustainability за кружниот бизнис модел, Ларс Валин во категоријата Sustainable Identity за силен идентитет и транспарентност на одржливоста , и Wargön Innovation во категоријата Мода Иновации за нови решенија за досега нерешените проблеми во индустријата во однос на одржливоста.

Фото: fashion.hr

Во прилог ви претставуваме галерија со неколку фотографии кои ја одразуваат модната енергија која доминира на улиците на Стокхолм и која најверојатно ќе ја диктира насоката во која ќе се движи модата оваа есен.

Фото: fashion.hr

Објавено:
5 септември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
571 пати