Error message

Што се случуваше на вториот ден од Денови на мода - Штип

28 септември 2013

kolaz

Во Штип во тек се деновите на мода, кои за првпат се одржуваат годинава. Тимот на Fashionel беше присутен вчера, на вториот ден од манифестацијата, кога се претставија Албатрос, студентите од Универзитетот Гоце Делчев и Виба.

Штипјани покажаа дека се големи вљубеници во модата не само според покажаното, туку и според интересот на публиката. А, имаше за секого по нешто.

Албатрос ја отворија вечерта во „Диро“ со колекцијата есен-зима 2013/14.

Астибо

-Наш главен производ е кошулата, а во последно време почнавме да додаваме и други парчиња во комбинациите како тиролки, сакоа... Ние работиме веќе 15 години, и главен производ ни е машката кошула, а од неодамна почнавме да се насочуваме и кон женски кошули. Кога сте специјализирани за едно нешто, тогаш успехот е поголем. Овој тип манифестации се добри за промоција и оставарување контакти. Албатрос и понатаму ќе продолжи да ја пренесува магијата на кошулата - вели Весна Миладонова, финансов директор на Албатрос.

Весна Миладинова од Абатрос Весна Миладинова од Абатрос

 

После нив следеа две ревии на студентите од Техничкиот факултет од Универзитетот Гоце Делчев. Преку нивните ревии, тие навстина ја покажаа сета своја креативност и умешност. Првата ни ја претстави жената и модата од 1950-тите години, и наиде на големи позитивни реакции кај публиката додека пак втората беше инспирирана од етно елементи. Настапот и ревиите на „Денови на мода Штип“, се само дел од проектите во кои студентите земаат учество.

УГД

-Првата ревија е инспирирана од стилот и модата на 1950-тите години.  За ревијата користевме жерсеј, свила, цветни мотиви. Кога се боите во прашање, црвена, жолта, зелена, песок боја итн. Целта ни е да ја претставиме креатвноста на нашите студенти и женственоста, а манифестациите од овој тип многу помагаат нивните замисли да станат реалност. Многумина од нив се надеваат дека ќе работат во некои од модните конфекции, па ова е голема шанса за нив - изјави еден од менторите, Сања Спасова магистер по моден дизајн.

Сања Спасова

Возбудата беше голема и кај студентите, особено имајќи предвид дека секој студент ја носеше својата креација.

Ана Ана Ѓорѓева

-Се навраќаме на сите клишеа, на модата наназад за да прикажеме нешто ново во денешницата. Конкретно, јас носам невестинска креација во стилот на 1950-тите - значи фустан до глуждот, волуменозноста, надополнет со цветни елементи. Сметавме дека ако секој го носи она што го создал, ќе можеме на најдобар начин да ја износиме креацијата. Нашето мото на ревијата е - истакнете ги облините и заборавете на клишеата - изјави Ана Ѓорѓева, студент на втора година по моден дизајн.

Ништо помалку успешна не беше ниту втората ревија, каде доминираа покласични модели, изработени од плиш, со етно детали.

УГД

Последни вечерта се претставија Виба, кои како и Албатрос, имаа колекција каде доминираа деловните парчиња облека.

Виба

-Колекцијата есен-зима 2013-14 која вклучува и машка и женска облека, содржи 25 модели (5 машки и 16 женски) и тоа блејзери, кошули, здолништа, капути... Бележи дизајнерски пристап во комбинација на материјали (памук и волна), дезени и бои. За секоја дама да изгледа модерно, тренди, притоа чувствувајќи се убаво и пријатно - вели Методија Коцев, дизајнер во модната куќа „Виба“.

Тој додава дека во колекцијата преовладуваат сините и виолетови тонови, како и дезените со риги и карото.

-Ова е одлична шанса да се претствиме во нашиот град. Лани се претставивме на модниот викенд во Скопје, а сега тука и особено ми е чест што можеме нашата работа да им ја покажеме на нашите сограѓани - вели Коцев.

Виба

Во побликата на ревијата беа и Света Богова Јовановска и Марија Илиќ, ПР Менаџер на Модниот викенд во Скопје.

-Во Штип дојдовме да ја проследиме ревијата на Виба. Она што јас како, ПР на Моден Викенд Скопје,  не како стилист, не како  некој конкретен познавач на модата можам да кажам дека ми се допадна тоа што го видов. Моделите се носливи, повеќе како што можев да забележам се за некоја дневна шема, за office style... Иако сме вечерва првпат тука, односно ова е првата ревија што ја гледаме, имам впечаток дека организацијата е мошне добра - изјави Илиќ.

Меѓу присутните на вториот ден од манифестацијата беше и градоначалникот на градот, Илчо Захарив кој ги сподели своите впчатоци за настанот.

- Организацијата мораше да биде совршена. Ова е значаен настан, бидејќи ја претставуваме текстилната индустрија, која е наша гордост. Таа покрива одумдесет проценти од вработеноста на граѓаните и  ги решава сите социјални проблеми на градот. Пефекцијата во организацијата мора да биде еден од главните атрибути. Иако времето беше кусо, оваа иницијатива и идеја се реализира успешно. Завчера имавме успешно отворање на манифестацијата. Веќе реков дека овие денови Штип е како Милано, Париз, Лондон, но вечерва ќе кажам дека е повеќе од тоа - изјави Захариев.

градоначалникот Илчо Захариев градоначалникот Илчо Захариев

Тој не крие дека е позитивно изненаден од штипското стопанство. Задоволен е како се одвива настанот и интересот за него и покрај малите недостатоци, како вентилацијата во ДИРО, што за нијанса го намали впечатокот на присутните.

- Никогаш не сум се сомневал во овие осум модни брендови. Веќе ми се јавија неколку текстилни индустрии што сакаат да бидат дел од манифестацијата следната година. Сметам дека има добри услови, од паркинг простор до севкупната организација.  Исто така, сметам дека сме на одличен пат, но ова е само почеток. Сепак, постојат и мали недостатоци, кои јас секако ги воочувам, како на пример тоа што вентилацијата во овој кампус  е малку лоша. Но, верувајте и ова е дел од настанот - искрен е градоначалникот.

За крај, тој додаде дека изминатиов период забележува насмевки на лицето на луѓето, а токму тоа е и една од целите.

-А кога ќе ги видам жените како се облечени и дотерани, сфаќам дека навистина има Штип со што да се гордее - вели Захариев.

Голем дел од присутните во кампусот, продолжија да се забавуваат во моден ритам на забавата на Fashionel, што беше одличен начин да се затвори вториот ден од „Денови на мода-Штип“.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата и од ревиите.

 

Објавено:
28 септември 2013
Категорија: 
Актуел