Што треба да знаете за новите Елена Лука чанти?

20 јули 2021

Домашната модна куќа Елена Лука постојано е активна со нови проекти и модни приказни, кои го привлекуваат вниманието на модните консументи.

Водејќи се од потребите на современите жени, создадоа чанти која секоја жена би ги посакала во својата колекција. Новите модели се претставени преку мини едиторијал, со познатата македонска манекенка Снежана Сани Богдановска и младиот модел Мартина Давидовска, со што порачуваат дека ЕЛ чантите се идеален избор за сите генерации и стилови.

А еве што уште треба да знаете за новите модели обединети под името pursEL.

 

Уникатен дизајн

Дизајнот на чантите е уникатен и создаден од брендот. Од надворешната страна чантите имаат патерн, збогатен со нитни кој ги оформува буквите ЕЛ. Изработени од висококвалитетна еко-кожа, со што ги следат и еко-модните тенденции, водоотпорни, чантите изгледаат привлечно и впечатливо!

Дизајнирана внатрешност

Внатрешноста на чантите е исто така дизајнерска и искористен е принтот кој доминира во последната пролетна колекција „White Flower“, исто така создаден од модната куќа.

Различни големини

Чантите се достапни во три различни големини - Голема, која е совршен избор за деловни комбинации и генерално за жени што практикуваат чанти во кои можат да стават се'. Чантите во средна големина се како создадени за секојдневни комбинации, доволно елегантни, а истовремено и толку практични, со синџир и лесно закопчување, со што го олеснува и носењето и ви ги ослободува рацете. Малите, односно „плик“ чантите се пак, како создадени за вечерни излегувања. Со доволно простор да ги ставите неопходните нешта, а ниту премногу големи за да го сокријат стајлингот. Имаат и рачка која го олеснува носењето и го прави овој модел уште повпечатлив и посакуван.

Достапност во 5 бои

Имајќи на ум дека жените сакаат да имаат избор и соодветна чанта со секој стајлинг, од модниот бренд  овозможија избор на дури пет нијанси - црна, бела, беж, розова и кафена - идеални за бројни комбинации. Сега конечно можете да кажете дека имате избор!

 

Купуваш еднаш - носиш засекогаш!

Кога сме кај купувањето, моделите се достапни во сите салони на Елена Лука (Капиштец, ГТЦ и Аеродром), како и на онлајн продавницата elenaluka.com, а можете да ги купите и во продолжение:

 
Објавено:
20 јули 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
419 пати